Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска заедно со Методија Димовски беа во општина Валандово, соопштија од СДСМ.

Валандово предводено од нашиот другар, потпретседателот Перо Костадинов е пример како една мала општина може брзо да се развива, да инвестира во сите населени места и да работи за граѓаните. Тоа СДСМ го покажува тука, но го покажува и низ целата држава, грижејќи се за сите категории граѓани. Поради таквите успешни политики денеска имаме рекордна исплата на субвенции за земјоделците, имаме зголемена минимална плата од 20.175 денари, имаме зголемување на пензиите за 16 отсто за само 18 месеци, порачала Костадиновска Стојчевска.

Во општина Гевгелија беа членката на ИО на СДСМ Ана Маркова Данева и Кети Василевска кои порачаа дека СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи, успешно се справи со последиците од кризата и постојано презема мерки за заштита и унапредување на стандардот на граѓаните, соопштија од СДСМ од каде додадоа дека караванот „Рамо до рамо до победа“ помина и во Југоисточниот регион.

Во општина Конче беше претседателот на комисијата за земјоделство на СДСМ Трајан Димковски, заедно со Мухамед Точи.

Димковски пред присутните истакна дека СДСМ преку своите мерки и политики инвестира во земјоделството, како една од најважните гранки на македонската економија и постојано и неселективно ги помага домашни земјоделците.

За само два месеци исплативме над 60 милиони евра кон 78.000 земјоделци. Во тек е реализација на многу нови мерки, јавни повици, за прв пат обезбедивме платено породилно за жените земјоделки, обезбедивме стипендии за студентите. Лидери сме во регионот по искористеност на ИПАРД и затоа ќе ни бидат доделени нови 98 милиони евра, неповратни средства од ИПАРД 3 Програмата за нови инвестиции, посочи Димковски.

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ во Дојран беа Пеце Мирчевски и Вангелија Велева, додека меѓу граѓаните на Богданци беше Маја Манолева, соопштија од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.