Канал 5 телевизија денеска поднела пријава до МВР, а од таму им одговорилеа дека работат на расчистување на случајот со две лица со иницијали С.И. од Скопје и Р.И. од Прилеп кои повеќе од 5 години користат говор од и на омраза кон вработени на оваа компанија.

Имено, двете лица се координирани во последно време, „сопственици“ на два портали: Мактел и Народен Глас и во континуитет пишуваат текстови полни со говор на омраза со што предизвикуваат кај своите читатели дополнителни нагони на омраза што е видливо и во нивните коментари. Со тоа на директен и индиректен начин се закануваат на наши вработени, но и останати колеги и цивилни граѓани на Македонија, при што сметаме , гледајќи го бројот на т.н. банери на особено еден од порталите, се сомневаме дека особено првото лице врши обид за изнуда од нашите вработени, но и нашето правно лице.

Затоа денес поднесовме соодветен поднесок до МВР, пти што веднаш добивме одговор дека МВР почнале да постапуваат и дека работат на расчистување на случите за двете лица .

Канал 5 ТВ е општествено одговорна компанија и не дозволува говор на омраза, сексизам, мизогинија, закани , не само кон наши вработени, туку и кон наши колеги, и наши сограѓани кои се „мета“ на овие две лица.
Не сакаме синдромот „Доказ“ да добие масовни размери, а веќе сме сведоци дека принципот на работа на тоа лице го практикуваат и голем број на други физички лица преку свои портали и социјални мрежи.

Вчера лицето С.И. преку својот портал Мактел искажа сериозен говор на омраза и мизогинија, со што ја нарече мајката на „јутјуберот“ Лазаров – девојката од фиќото! Болен чин кој мора заедно со другите да биде санкциониран.
Бараме и од ЗНМ и другите новинарски здруженија да поднесат соодветни поднесоци до МВР, но и ги повикуваме и другите физички и правни лица да ни се обратат со своите „искуства“ со овие две лица од горепосочените портали, велат од менаџмент на Канал 5 ТВ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.