Суспензијата на обвинителката Вилма Русковска и нејзините замени го вратија сеќавањето на помалку подзаборавеното Специјално јавно обвинителство.

Првата замена на Русковска, обвинителката Лиле Стефанова и новоназначениот Трајче Пеливанов беа во втората борбена линија, веднаш зад „Чарлиевите ангели“-Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска.

Познато е дека Јанева и Стефанова не беа во добри односи и за своите некогашни колешки рече дека се „колешки по ракија“.

Истите мои поранешни колешки, а тие се колешки по ракија и по чашка, во предметот „Плацеви на Водно“ побараа поблаги мерки за Камчев-рече Јанева во април годинава.

По Стефанова, нова замена за Русковска во Обвинителството за организиран криминал е Трајче Пеливанов.

Кој е Трајче Пеливанов

Пред да стане дел од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) работеше четири години од 2015 до 2019 година.

Обвинителската кариера ја започна во Основното јавно обвинителство во Скопје во 2009 година, каде работел до 2015 година.Има обвинителски стаж од 11 години.

Пеливанов на оваа функција ќе остане најмалку до почетокот на следната година бидејќи мандатот на Русковска завршува во ноември, а потоа сигурно ќе биdат потребни уште неколку месеци додека се избере нејзин наследник.

По кадровските промени во Обвинителството за гонење на организиран криминал прашање дали новиот обвинител ќе ги продолжи случаите кои ги започна Русковска, од кои некои допираат до највисоките структури на власта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.