Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева вели дека таа е единствена обвинителка која е  веднаш избркана од работа и дека тоа треба да му служи на чест на Советот на јавни обвинители. Поради тоа била принудена да живее од примањата на нејзиниот починат сопруг и од заштедата.

Таа не бираше зборови и кога говореше за нејзните поранешни колешки обвинителки.

Истите мои поранешни колешки, а тие се колешки по ракија и по чашка, во предметот „Плацеви на Водно“ побараа поблаги мерки за Камчев, најголемиот финансиер и перач на пари во историјата на Македонија. Без срам и перде побараа за неговото сторено кривично дело рече  Јанева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.