„Ако господ ми даде здравје сакам да го изградам тој старски дом затоа што тоа недостасува на Битола“, ги цитараше зборовите на Силјан Мицевски обвинетиот Бојан Јовановски на денешните завршни зборови за случајот Меѓународен сојуз.

Според него, вакви проекти требало да се направат во Скопје и Охрид, но по инцијатива на Мицевски се дошло до идеја да се гради и во Битоа и тоа на негова приватна локација која тој веќе ја имал наменета за градање станови.

Мицевски доби право да изгради ваков центар во Битола и Охрид. Договорот го потпишаа самосвесно и со вредноста која беше за фалење, а не за криење, објасни Јовановски.

Боки тврди дека пензионерката Лилјана Тодоровска и Агапи Дика лажеле кога тврделе дека не ја знаеле содржината на договорот.

Договорот со ГП „Пелистер“ „Меѓународен сојуз“ тргна да го реализира веднаш во предвидените рокови – потсетува Боки.

Тој вели дека како можел некој да поверува дека може да ги измами Силјан Мицевски и Адријан Амзоски. За договорите кои биле потпишувани, а кои се дел од случајот, Јовановски рече дека биле образложувани до детали и никој не бил присилен, измамен или изманипулиран, туку напротив, потпишувачите биле во позиција од која многу лесно можеле да проверат дали станува збор за измама или не.

До толку ли јас можам да сум шармантен, па да ги измамам сите. Да, паметен сум и им благодарам на моите родители за тоа. Јас не го злупотребив Зоран Заев, туку тој ме злоупотреби мене. Амзоски лично изјави дека дека го исклучувал телевизорот кога ќе ме видел и дека ми дал пари само поради Александар Кирацовски. За тие 350.000 евра знаеја тројца политичари а тоа се Зоран Заев, Александар Кирацовски и Стсфан Богоев, тврдеше Јовановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.