Горд сум што бев претседател на Меѓународен сојуз која немаше добиено ниту еден денар државни пари туку зе финансираше со вмрежување со бизнис секторот и имавме реализирани многу проекти. Горд сум што можам да се пофалам со проектот ко е од големо значење но кој, за жал, не помина а тоа е изградба на дом за стари лица, истакна на денешните завршни зборови Бојан Јовановски.

Сподед него, целта на овој процес било дискредитација на него лично и фактите да се заменат со шпекулации, а шпекулациите довеле до обвинение.

Никого не држев во заблуда, особено не Силјан Мицевски и полномошникот на Дрим Билдинг, Амзоски- убедува Јовановски.

Исто така вели дека немало злоупотреба на политичките власти, односно тогаш актуелната влада. За ваквите обвинувања вели дека апсолуто не се точни.

Поддршката од Зоран Заев јас лично ја имав од првиот ден од форирањето на Меѓународен сојуз. Поттикот е голема форма ако доаѓа од првиот човек. Дека Заев знаел и бил инфомиран за проектот е неспорен факт -откри Боки.

За сите суми кои биле споменувани,Боки вели дека немало доказ иако убаво звучеле.

Тортурата кон мене придонесе да се борам како Дон Кихот со ветерници – се пожали Јовановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.