Пред неколку дена, во коментари на некоја објава на групата за он лајн настава, еден кавадарчанец сведочеше за тоа дека негов братучед на 39 години, пред некоја недела починал  од Ковид 19, откако вирусот дома го донел дететото од училиште, пред започнување на новогодишните празници и зимскиот распуст, пишува во својата колумна Дарко Јаневски.

Нема причина да не му се верува на кавадарчанецот, иако да бевме држава случајот ќе беше испитан од Бухова и компанија и ќе и беше презентиран на јавноста. Но, дилемата не е дали еден ваков наствн се случил, туку колку такви настани имало, односно колку лица тешко се разболеле или починале откако вирусот дома бил внесен преку училишните деца.

Пред неколку дена, во разговор на МРТ, екс директорот на скопската детска болница во Козле, д-р Андоновски, ако не се лажам – единствен досега во Македонија, изјави дека „ние се уште не ги знаеме последиците што по здравјето на децата може да ги донесе омикрон“.

Не еднаш сум пишувал за ова. Македонија е држава во која повеќе од половина од населението живее во заедница. Шведска е држава во која половина од населението живеат као самци. Во нашиот случај децата лесно ќе го пренесат вирусот на повозрасните, а во оваа држава во која процентот на смртност од Ковид во болниците е меѓу 40 и 60 отсто, тој синџир на незбежна трансмисија на вирусот е катастрофален.

Вториот момент е тоа на што укажува д-р Андоновски. Не е спорно дека децата лесно го прележуваат корона вирусот, но не е спорно и дека вирусот може да остави долготрајни последици (Софијанова на неколку пати укажа на некои од нив), а за омикрон никој нема претсава како, какви и колку последици може да остави кај децата низ кои тој, неизбежно ќе помине како фурија.

Во светот, на последиците главно се укажува индиректно – од страна на врвни експерти кога укажуваат на негативните ефекти од дејството на спајк протеинот што се создава по вакцинирање на децата. Така, на пример, д-р Роберт Малоун, творцот на мНРА технологијата која се користи за западните вакцини, и претходно, а и во сведочењето во американскиот Сенат на 24 јануари оваа година, тврди дека спајк протеинот создаден преку вакцините може да предизвика последици по срцето, мозокот, коагулацијата на крвта, репродуктивниот и имунолошкиот систем на децата итн (исто и кај возрасните, но тоа не посебна приказна). Според него, нешто што не успеаја да го побијат ни факт-чекерите на Ројтерс, чиј директор седи во управниот одбор на Фајзер, и природниот и „вештачкот“ спајк протеин се токсични. Не уништуваат клетки, туку предизвикуваа процес кој води до несакани состојби. Само еднаш Малоун беше прашан за разликите меѓу спајк протеинот што го предизвикуваат вакцините и природниот спајк протеин кој се внесува со вирусот, а одговорот беше – нема разлика! Тоа значи дека истите негативни последици можат да се јават и по вакцинирањето и по природното заразување. Единствената разлика, според него, постои во тоа што вакцината го предизвикува организмот одеднаш да создаде големо количество спајк протеин, па оттука и бурна реакција на организмот, додека во случајот со природна зараза, треба време за вирусот да се размножи во поголеми количини што му дава време да се бори со него и да ги намали шансите за негативни ефекти. Но, тоа не ја исклучува, апсолутно не ја исклучува можноста, истите застрашувачки ефекти врз здравјето на децата да се јават како од спајкот создаден преку вакцините, така и од природниот спајк протеин. Посебно што сега станува збор за омикрон мутацијата, чии негативни последици не се согледани зашто едноставно не е поминато доволно време од неговата појава и неговото ширење меѓу децата, напиша Јаневски.

Целата колумна на следниов линк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.