Јаневска: Нема упатства од МОН и писмен протокол од МВР за училиштата за справување со дојавите

Македонија 06.03.2023 / 20:21

Упатство од МОН како што вети министерот дека денес ќе има, нема, а писмен протокол од МВР исто така нема. Факт е дека во петокот службеници од МВР посетуваа училишта и даваа инструкции на директорите, денес беа повикани директорите на некакви состаноци, но се е тоа усно кажано и МВР смета дека со усни упатства ќе треба да функционира безбедносниот систем. Дали е тоа прифатливо, нека суди јавноста, според мене не е прифатливо, треба посериозно да се сфати обезбедувањето на училиштата, изјави Весна Јаневска претседателка на Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ, во „Тема на денот“ во дневникот на Сител.

Таа посочи дека тоа што имавме мирен привидно, не значи дали навистина е мирен или се обиди да се намали стравот кај родителите и учениците, додека треба да има конкретни чекори од страна на МВР, наместо упатства да се сменат мејловите.

-Смешна беше онаа препорака дека ако се избришат сите мејлови дека ќе нема дојави, ги сменија мејловите. Откако ги сменија, добија дојави. Треба да се бара начин како навистина да се реши проблемот. Тоа што можеби ќе доаѓа полицаец во текот на денот служи за смирување на учениците и наставниците, но не е реална одбрана од дојавите иако МВР има можност. Ако на гробот на Гоце Делчев можеше да има 2000 полицајци, зошто во 100 училишта не може да има 400 полицајци? – рече Јаневска.

Според неа треба технолошки да се види како функционира во високо развиените земји, но постојат и начини кои сите секојдневно ги користиме како видеокамери, сензори.

Јаневска во врска со објавите дека нападите доаѓаат од одредени земји, посочи дека еднаш рекоа дека доаѓаат од еден дел на светот, сега од друг дел на светот, па постојано хибридна војна, а еднаш не слушнавме да кажат од кого да се браниме и дали некој ќе ни помогне.

-Ако нема, што треба да се преземе за да на крај се одбраниме, како што се бранат напредните земји, нагласи Јаневска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести

casibom girişjojobetCasibom GirişDeneme Bonusu Veren SitelercasibomCasibomMeritking GirişBets10holiganbet girişbaywingrandpashabet giriş