Не стивнуваат бранувањата меѓу членови и симпатизери на СДСМ по Централниот и Извршниот одбор, како Конгресот на партијата, на кои беа официјално составени и објавени пратенички листи по изборни единици за претстојните парламентарни избори.

Уште пред официјалното презентирање на пратеничките листи имаше многу реакции поради тоа што голем број познати лица на СДСМ, кои изминатите години беа експонирани, не најдоа место на листите или се на недобитни позиции.

Една од тие коишто јавно го изразија незадоволството од одлуките на претседателот на партијата, Димитар Ковачевски, е активистката на СДСМ од Велес, Марија Талевска Деловска. Таа во одговор на објавата на Ковачевски дека СДСМ на овие избори ќе понуделе луѓе кои ќе ги застапуваат интересите на граѓаните, остро реагира зашто тогаш не е предложен Ненад Коциќ, кој, како што истакнува Талевска Деловска, ќе придонел повеќе за народот.

Пу бе ве плукам! Вие намерно им ја давате победата на вмровците изгледа. Пу! Требаше да го оставите Коциќ, има повеќе заслуги од тамошните пратеници. Сите продолжија, а Коциќ го сменија, тој што најмногу се залагаше за народот… А, ако изгубите со невиден пораз, Димитар Ковачевски оставка да си дадеш. Сега Мартин Костовски и Даниела ги продолжуваат, а Коциќ го бркаат“, е дел од нејзината реакција на социјалните мрежи.

Реакции стигнаа и од коалициските партнери на СДСМ. Така, коментар за објавените пртенички листи стигна од поранешниот претседател на млади на ДОМ и член на Извршниоѕ комитет на партијата, Бојан Петровски.

Лош лидер мора да сноси одговорност за лоши одлуки“, кратко порача Петровски.

Претходно, уште за време на Централниот и Извршниот одбор, бурна реакција имало и од портпаролот на партијата и пратеник во сегашниот состав од редовите на СДСM, Дарко Каевски. Како што објави ТВ 24, Каевски, револтиран од својата позиција на предложената листа побарал неговото име да биде избришано. Неофицијално, Ковачевски го прифатил барањето на незадоволниот портпарол на СДСМ Каевски и на неговото место број 7 во ИЕ1 ќе биде Горан Трајковски, сегашен директор на пазарниот инспекторат.

За наводно несогласување со одлуките на Ковачевски, Клан ТВ објави дека Каевски и Оливер Спасовски, демонстративно ја нашуштиле седницата на којашто се разговарало за пратеничките листи на СДСМ за изборите на 8 мај. Каевски подоцна излезе со демант на таквата информација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.