Денеска на состанокот на извршниот одбор на СДСМ, поранешниот премиер и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски како и портпаролот и актуелниот пратник Дарко Каевски, демонстративно го напуштиле состанокот на кој се разговара за пратеничките листи на СДСМ за изборите на 8-ми мај, објави Клан ТВ .

Клан ТВ дознава дека атмосферата е многу тензична и има огромно незадоволство во рамките на СДСМ за како што велат самоволието на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и наметнувањето на листи на кои што нема голем дел од најистакните членови на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.