ОД ВМРО-ДПМНЕ известуваат дека денеска, 24.03.2024 година, со почеток во 12:30 часот во хотел „Холидеј Ин“ Скопје, партијата ќе ја презентира програмата со која ќе настапи на парламентарните избори 2024, насловена „Платформа #1198“.

Пред почеток на настанот ќе се одржат пет програмски дебати.

Првата програмска дебата ќе почне во 12:30 часот на тема „Патоказ кон иднината – Зајакнување на економијата, инфраструктурата и енергетиката“.

Втората програмска дебата ќе почне во 13:30 часот на тема „Дипломатски хоризонти – Реформи во политичкиот систем, стратегии за надворешната политика и дипломатија посветена на ЕУ“.

Третата програмска дебата ќе почне во 14:30 часот на тема „Искористување на потенцијалот – Образование, култура, туризам и спорт за развој на државата“.

Четвртата програмска дебата ќе почне во 15:30 часот на тема „Нови стратегии за здравство и социјална политика – за поправедно општество“.

Петтата програмска дебата ќе почне во 16:30 часот на тема „Просперитетни заедници: Земјоделство, локална самоуправа и управување со животната средина“.

Во 18:00 часот свое обраќање пред присутните ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при што ќе презентира дел проектите од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори 2024 година „Платформа #1198“.

Програмските дебати ќе ги модерираат Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, а истите ќе се емитуваат на јутјуб каналот на ВМРО-ДПМНЕ и фејсбук профилот на Христијан Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.