Централниот и Извршниот одбор на СДСМ, пред почетокот на Конгресот на партијата закажан за вечерва, се одвиваа во тензична атмосфера. Се разгледуваа предложените пратенички листи по исборни единици од страна на претседателот на партијата Димитар Ковачевски.

Имаше многу реакции имаше многу, а голем број познати лица на СДСМ, кои изминатите години беа експонирани, ги нема на листите или се на недобитни позиции.

Фото: ТВ 24

Како што дознава ТВ 24, портпаролот на партијата и пратеник во сегашниот состав од редовите на СДСM, Дарко Каевски, револтиран од својата позиција на предложената листа побарал неговото име да биде избришано. Неофицијално, Ковачевски го прифатил барањето на незадоволниот портпарол на СДСМ Каевски и на неговото место број 7 во ИЕ1 ќе биде Горан Трајковски, сегашен директор на пазарниот инспекторат

Истовремено, откако Клан ТВ објави дека Каевски и Оливер Спасовски, демонстративно ја нашуштиле седницата на којашто се разговарало за пратеничките листи на СДСМ за изборите на 8 мај, Каевски излезе со демант.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.