Првиот вицепремиер Артан Груби разочаран од составот на Антикорупциската комисија. Иако вели самиот учествувал во изборот на членовите, тие не ја оправдале укажаната доверба. Во интервју на Сител Груби рече дека не им верува на капацитетите на Државната комисија за спречување на корупцијата, зашто државните антикорупционери „не ги бива“.
Деновиве ја отфрлија пријавата против мене во ДКСК на поднесокот на ВМРО-ДПМНЕ. Огромно мнозинство од случаите се или изгубени по административни постапки или отфрлени од судиите и се надевам дека следниот состав ќе биде посериозен. Па, вo нивниот мандат немаат ни еден случај кој им поминал. Државната комисија за спречување на корупција не ги бива. Немаат капацитет, рече Груби на интервју во вестите на „Сител“ на прашањето што мисли за купувањето на деловниот објект „Соравија“ од страна на внукот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, како и за вклучувањето на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на „црната листа“ на САД.
Груби смета дека институцијата ДКСК има добра улога, но дека ќе почека некој друг соства, наредниот на пример, за да покаже некои резултати, оти актуелниот не покажал капацитет.
ДУИ ја прифати целата политика на санкционирање, ја почитуваме одлуката на САД и согласно тоа се донесоа одлуките за членството на Мерко, а и тој излезе во јавност со ветување дека ќе соработува со сите институции во земјата, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.