Во врска со случајот со внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој е еден од купувачите на деловниот центар „Соравија“, првиот вицепремиер Артан Груби изјави дека не е тој да гледа дали има нешто спорно, тоа треба да го сторат надлежните институции.

Има Државна комисија за спречување на корупција, Јавно обвинителство, нека си постапат согласно нивните ингеренции и нека утврдат тоа што е вистинско, а не вака, да има медиумско препукување и употреба за дневна политичка агенда, рече тој.

Одговарајќи на прашањата за наводите кои што беа изнесени во јавноста во врска со бизнисите на Дрин, тој одговори дека нема информација и повторно посочи на надлежните институции.

Немам никаква информација во однос на бизнисите на Дрин, или на кој било друг, затоа што се тоа приватни бизниси, доколку има нешто незаконско, нека си постапат институциите, доколку е сѐ законски и е амбиција на млад амбициозен дечко, би очекувал сите да му се извинат на крај, рече вицепремиерот.

Во однос на прашањето за ДКСК, Груби изјави рече дека ѝ верува на институцијата, меѓутоа има сомнеж на капацитетите на членовите на Комисијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.