Првиот вицепремиер, Артан Груби, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерот за економија Крешник Бектеши и други функционери од редовите на ДУИ беа во штабот „Дижон1“ од каде што Груби побара од сопартијците од групата на Меџити да ги остават да работат, дури и нека критикуваат за несработеното, но нека не измислуваат, објави ТВ21.

Ништо не бараме, само оставете не да работиме, да ја вршиме нашата работа за тоа што вие тоа го барате од нас. Вие сте тие кои ни го дадовте мандатот, кои што гласавте за ДУИ, за Али Ахмети и Али Ахмети ја делегираше својата волја кај Бујар, кај мене, Крешник и сите други за да работат. Доколку не работиме, кажете ни! Не сте го сработиле овој или оној проект, но не измислувајте, кажете ја вистината, бидејќи и Господ ќе не казни ако измислуваме“, рече Груби.

Османи изјави дека е чест да се биде близок соработник на Ахмети.

Ние денеска ја имаме честа да не идентификуваат како луѓе на Али Ахмети. Дали има поголема чест, не само денешните генерации, туку нашите деца, нашите внуци, да се гордеат со нас бидејќи бевме најблиски соработници, најблиски луѓе, кои сме го следеле, помогнале амблемот на албанскиот народ – Али Ахмети“, порача Бујар Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.