Македонската православна црква денеска не добила автокефалност, туку „најширока можна автономија и полна самостојност“ од СПЦ, како што гласеше одлуката на Саборот, а според новинарот Бранко Ѓоргевски тоа го враќа нејзиниот статус во 1959 година, односно во времето пред таа да ја прогласи автокефалноста во 1967 година, со што почна полувековниот црковен спор.

Ѓоргевски за Фокус изјави дека МПЦ треба јавно да каже за што преговарала или кои ќе бидат следните чекори. Во спротивно, ако биде прифатена оваа положба, според него, МПЦ ја губи сегашната автокефалност, односно за идно признавање автокефалност ќе одлучуваат сите 14 православни епархии. Ѓоргевски смета и дека со ова Бугарската и Грчката црква ќе имаат право да бараат да не го користиме името „Македонска православна црква“, туку само Охридска Архиепископија.

Тоа значи дека може да добиеме вето од Бугарската црква, ќе бара да не го користиме името Охридска Архиепископија, Грција ќе бара да не го користиме името Македонска православна црква, а тоа ќе не врати назад од патот кој МПЦ-ОА го изоде изминатите 40-тина години – вели тој.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.