Во лицитацијата на тоа што сѐ нуди ДУИ само да ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставни измени се најде и премиер Албанец. Многумина и заборавија што беше тоа и да не беше Артан Груби да потсети ќе изумевме.

Груби за косовска телевизија вели дека се откажуваат буквално од сѐ.

За иднината на нашата земја сме подготвени да се откажеме и од привремена влада и од премиер Албанец и од нашите мандати. Од сé што е политички договор на коалицијата ние се откажуваме, под услов македонската опозиција да ги гласа уставните измени.

Навистина е нејасно како Груби се откажува од нешто што не постои. Да, не постои бидејќи премиер Албанец во последните 100 дена од Владата го договорија тоташниот лидер на СДСМ Зоран Заев и Али Ахмети.Во таа 2020-та година по изборите среде корона, СДСМ како по обичај немаше мнозинство да направи Влада и мораше да исполнува желби на ДУИ.

Па така, излегоа Заев и Ахмети на прес конференција и рекоа дека си дале беса во последните 100 дена од Владата премиерот да биде Албанец.Баш убаво. Значи не е закон туку договор, чашка муабет. И сега Груби од тоа се октажува.Навистина великодушно од негова страна.

Згора на тоа и Заев е веќе „бивши“, а сите знаеме дека неговиот збор вреди колку ланскиот снег.„Псе Јо“ зоти Груби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.