Откако Државната изборна комисија го  поништи гласањето на едно избирачкото место 1272 во општина Охрид, на избирачките места 1194 и 1202 во Крушево и едно во Желино на потег се партиите кои се чуствуваат оштетени да се жалат до Управниот суд.

Откако доцна синоќа ДИК донесе одлука за прегласување во неколку избирачки места тече 24 часовниот  рок за жалби до Управниот суд.Управниот пак има рок од 48 часа да одлучи по жалбите на партиите.

Евентуалното прегласување би се случило на 22 мај-објануваат од ДИК за „Република“.

Постојат многу комбинаторики кој би можел да добие или да изгуби пратеник бидејќи негде разликата е само стотина гласови.

Најмногу може да изгуби ДУИ, дури двајца пратеници, а СДСМ да добие два плус.Во некои варијанти и ВМРО-ДПМНЕ би можело да добие пратеник но тоа зависи од суровоста на Донтовиот модел кој може да „пресече“ и за еден глас плус-минус.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.