Поранешниот вицепремиер и поранешен министер за надворешни работи, Никола Димитров, во гостувањето на Тема на денот во Дневникот на Сител, во врска со претстојната заедничка седница меѓу македонската и бугарската влада во Софија смета дека се брза во спорот, дека ова е став на новата Влада, дека нема ништо поврзано со претходната.

Мислам дека се брза во спорот, ова е целосен став на новата влада, не е поврзано со претходната – изјави Димитров.

Според Димитров, претходниот став бил дека „ова е пакет“.

Ако ги тргнеме елементите ќе биде потешко за компромис. Во вторникот се потврди дека само Македонија направи отстапка. Мора по лекциите од минатото да не правиме еуфорија и да бидеме внимателни. Тешките теми остануваат. Успехот не е само да се тргне бугарското вето, туку и начинот на кој ќе се направи тоа. Не мислам дека проблемот ќе се реши, ако се преправаме – вели Димитров.

Поранешниот министер додава дека е важно да се повторува дека постои македонски јазик и македонско малцинство во Бугарија.

Јазикот мора да стои чисто во преговарачката рамка – вели Димитров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.