Претседателот Стево Пендаровски денеска упати честитка по повод Меѓународниот ден на ромскиот јазик.

Пендаровски на неговиот официјален фејсбук профил порача дека ромскиот јазик е дел од ромската култура којашто со своите специфики претставува дел од мозаикот на нашето мултикултурно општество.

Со одбележувањето на 5 Ноември – Светскиот ден на ромскиот јазик, придонесуваме во зачувувањето на мајчиниот јазик на ромската заедница чија култура и традиција ја збогатуваат севкупната културна ризница во нашата држава. Заложбите и посветеноста кон обезбедување услови за поголема институционална поддршка за изучување, употреба и зачувување на ромскиот јазик се чекор нанапред за негово натамошно негување. Честит 5 ноември – Светски ден на ромскиот јазик, стои во објавата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.