Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина „Локален економски развој“ која се одржува на политичкиот саем „Саем на промени што носат иднина” зборуваше за децентрализацијата односно посочи дека децентрализација нема затоа што се нема пари како држава и дека во последниве години се случува опустошување на буџетот од страна на централната власт.

Зошто немаме децентрализација и дефинитивно децентрализација немаме затоа што немаме пари како држава, а во последниве години што се случува опустошување на буџетот и ваквите резултати што ги направија и ваквите задолжувања оставаат многу мал простор за да може во иднина да се помага повеќе на општините. Значи ќе треба многу да се крати и да се реорганизира во тој дел за да може на општините да им се даде многу повеќе. Но дали може нешто да се направи, се разбира дека може. Се сеќавам пред една година кога почнаа да се спремаат буџетите на општините односно прво планот да се направи и програмата која ја извадија за изборите. Колку беа во тој период сите градоначалници позитивни, ентузијасти дека ќе успеат да направам многу за своите општини. Голем дел од нив победија на избори, имаа своја програма, свои ветувања, свои цели, но по еден месец почнаа еден по еден да кажуваат како сметките за струја се толку големи што секојдневно од една таква сметка што им стига, по една програма во буџетот им ја снемува. Но ова не ги обесхрабри нашите градоначалници туку тие почнаа да се организираат најдобро што можат за да можат да ги имплементираат и да ги реализираат проектите кои што ги ветиле, рече потпретседателката Димитриеска Кочоска.

Таа посочи дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во скопските општини се пред се чесни луѓе и работат на реализација на својата програма.

Пред се треба да знаеме дека сите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се чесни и работат на реализација на својата програма. Но има една голема разлика помеѓу нив, дел од градоначалниците наследија огромни долгови, долгови кои ги направија нивните претходници на неколку дена или во текот на изборната кампања кога се асфалтираа неконтролирано улици се со цел да се привлечат што повеќе гласачи. Сега доаѓаа тие сметки за наплата во суштина нашите градоначалници требаше да ги платат, додаде Димитриеска Кочоска.

Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на трибината локален економски развој на политичкиот саем „Саем на промени што носат иднина”, истакна СДСМ направија панаѓур од државата и тоа бројките јасно го кажуваат, се обидуваат да ги опструираат општините водени од ВМРО-ДПМНЕ, но и во такви тешки околности градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ успеваат да реализираат капитални проекти и да држат лекции на останатите градоначалници како се води општина.

Околу 61% од општините на ВМРО-ДПМНЕ имаат зголемување на приходите, а за разлика од нашите општини, дури 63% од другите општини имаат пад на сопствените приходи. Ние со подобра цифра, тие со поразителна цифра. Данокот на имот 73% од општините имаат годишно зголемување на приходите, а ова значи дека значите градоначалници работат да соберат приходи да се инвестираат, да се изградат патишта, градинки, паркови. Речиси сите скопски општини имаат пониски годишни трансфери од централната власт, односно централната власт го кочи развојот на општините водени од ВМРО-ДПМНЕ, рече Кадиевска Војновиќ

Таа нагласи дека кога сме капиталните расходи, она што е доминантно кај општините водени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, за првите три квартали од оваа година во однос на ланските три квартали кога ба водени од СДСМ, она што може да се види е дека во најголем дел сега е зголемена ефикасноста во делот на капитални инвестиции. Во бројка 80% повеќе капитални инвестиции во градежни инвестиции има ВМРО-ДПМНЕ, отколку останатите сите други општини управувани од други политички партии.

Дефинитивно целокупниот развој на една општина е базиран на економскиот развој. Во контекст на тоа можеби на почеток економската стратегија не е видлива кај граѓаните што точно работи општината во таа насока, но на долг рок ефектите се гледаат. Ќе дадам само еден пример за мојот град Штип, ако во минатото Штип го имаше приматот економски административен образовен центар на истокот, од Македонија, во изминатите години поради немањето на стратегија за економски локален развој и намалената поддршка од централната власт во Штип, дефинитивно го изгуби тој примат. Но, се трудиме во оваа година дена да направиме исчекор повторно да го вратиме, вели Иван Јорданов, градоначалник на општина Штип на денешната трибина на политичкиот саем Локален економски развој.

Јорданов истакна дека општина Штип е силно фокусирана на подобрување на бизнис климата, додавајќи дека е формиран економски совет каде што се дискутира за нивните проблеми со кои се соочуваат се со цел изнаоѓање на решенија.

Ние како локална самоуправа даваме услуги и создаваме услови за подобрување на бизнис климата, во рамките на општината формиравме економски совет преку кој што одржуваме редовно состаноци со бизнис секторот и компаниите каде што можеме да комуницираме на месечно ниво кои се нивните проблеми со кои тие се соочуваат. Од оваа интензивна комуникација ние одлучивме во општината да одвоиме вработени лица кои што на дневна основа комуницираат со бизнис секторот за да бидат нивен сервис и услуга и токму поради тоа имаме одобренија за градба, и оваа измината година бизнис секторот и претставниците се услужени од страна на локалната самоуправа што влијае на подобрување на бизнис климата.

Како локална самоуправа мораме прво да направиме исчекор во носењето на Детален урбанистички план. Верувајте 40 години Штип нема усвоено нов генерален урбанистички план и развиено детално урбанистички планови за планирање на индустриски зони. Во постапка сме и во завршна фаза и очекувам до крајот на годината да се усвои новиот Генерален урбанистички план, па пота да се разработат деталните урбанистички планови каде што ќе имаме нови индустриски зони каде што и домашните и странските компании ќе можат да отворат свои производствени погони и капацитети, потенцираше тој.

Јорданов вели дека ако порано Штип важел за град каде што се отвораат нови работни места и инвестиции, изминатите 5 години со оваа централна власт на СДС тоа не е случај, и токму поради тоа мора напорно да се работи за обезбедување на локален економски развој каде што на компаниите ќе им се обезбеди парцели за индустриски зони, соодветна инфраструктура.

Ако Штип во минатото беше град во кој што се отвораат нови работни места и се отвораа нови производствени погони, за жал поради централната власт изминатите 5 години не видовме ниту една инвестиција и затоа мораме да се насочиме кон компаниите приватниот сектор да им понудиме парцели за индустриски зони, соодветна инфраструктура, нагласи Јорданов.

Коце Трајановски, поранешен градоначалник на Град Скопје истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е народна партија која што потекнува од народот и работи за народот.

Тој што има проекти, тој што направил нешто, тој прави вакви манифестации, тој сака да ги покаже манифестациите. Во изминатите четири години немавме ваков настан, ваква манифестација од страна на СДСМ заради тоа што немаа што да покажат. Премногу лични интереси, премногу уживање, премалку работење, а сето тоа го почувствува народот и затоа ги казнија на овие локални избори. Јас сум сигурен дека следната година ќе бидат уште повеќе проекти, поуспешни, а на крајот од мандатот мислам дека ќе градоначалниците ќе ја оправдаат довербата која што им ја дале граѓаните, појасни Трајановски.

Тој посочи дека ЕУ се реализира на регионален и локален економски развој. ЕУ имаат јаки региони и многу силни општини. Имаат доста цврста децентрализација. Цврста во смисла многу надлежности и многу пари. Република Македонија во почетокот на 90-тите години се централизира, општините и Градот Скопје станаа месни заедници. Петнаесет години тие само медитираа. Но, 2005-та година започна децентрализацијата.

Ние имаме 3% од персонален данок на личен доход, а Босна и Херцеговина има 34%. Градоначалникот на Љубљана, со него имав можност да разговарам и го запрашав кои ти се најголеми приходи, имаат 500 евра по жител во Љубљана. Од 300.000 жители имаат 150 милиони евра и само од тоа. Загреб има 63% од персонален данок на личен доход, а општините на Република Македонија има само 3%, појасни тој.

Трајановски рече дека ВМРО-ДПМНЕ донесе голем број на закони кои што овозможија поголеми приходи на општините, но тоа сето запре поради СДСМ.

Она што се однесува на локалниот економски развој, како една од надлежностите која што 2005-та година беше префрлена на локалната самоуправа, јас имав можност, го имав задоволството да бидам градоначалник на Општина Гази Баба и тогаш беше почетокот на децентрализација и ние бевме пионерите, нагласи тој.

Тој укажа дека тој период СДСМ беше на власт и им префрли енормно надлежности на општините, но не префрлија пари.

И кога дојде ВМРО-ДПМНЕ 2006-та година на власт и тогаш состојбата се подобри, нагласи Трајановски.

Една од главните задачи да речам надлежности или обврски на локалниот економски развој е тоа да има што подобра соработка со малите и средните претпријатија, да оствари партнерски однос со приватните фирми и нормално претходно да направи стратегија за локален економски развој и стратегија за мали и средни претпријатија, рече Трајановски.

Трајановски посочи неколку примери како СДСМ воопшто ништо не направи за Град Скопје, еден од примерите е и Луна паркот кој тој го остави комплетно готов, дури направени беа и реквизитите, донесени во Скопје и поради неодговорноста на поранешниот градоначалник на Скопје останаа по магацините да скапуваат. И кога не се реализираат проектите навреме тогаш бизнисмените не соработуваат со локалната власт.

Претседателката на комисијата за локална самоуправа во Собранието на Република Македонија Ане Лашкоска истакна дека темата за процесот на децентрализација некако во нашата држава како да се маргинализира.

Темата за процесот на децентрализација некако во нашата држава се маргинализира. Би се задржала на динамиката на процесот на децентрализација во Македонија кој што мораме да кажеме дека се уште е во тек и се движи со многу бавно темпо. Иако во деведесеттите тогашната власт одлучи целосно да ја децентрализира власта најверојатно тоа го правела за да го наметне своето влијание на територијата на целата држава, меѓутоа после сите политички случувања во Македонија во 2004 година неизбежно почнува и процесот на децентрализација. Еве сега имаме 84 општини и градот Скопје на почетокот сведоци сме дека најдобро се децентрализираше само Скопје или Скопскиот регион и тогаш ВМРО-ДПМНЕ го увиде овој проблем и се покрена прашањето за рамномерен регионален развој, кој што се донесе во 2007 година. Со кој закон општините во државата се поделени во 8 плански региони и веќе од 2008 ,2009 година почнаа и да се реализираат и проекти во овие плански региони со цел рамномерен развој на целата држава, нагласи Лашкоска.

Лашкоска истакна и дека според неа во Македонија наместо децентрализација имаме деконцентрација.

Ако се прашаме дали во Македонија имаме децентрализација јас би рекла напротив имаме деконцентрација. Според децентрализацијата општините треба да имаат надлежности во повеќе области како образованието, труд и социјалата, културата, здравството, локалниот економски развој, урбанизмот, спортот, меѓутоа зошто велам деконцентрација заради тоа она што кое се соочуваат градоначалниците е всушност дека ние имаме во општините само во сопственост објекти за кои што треба да се грижат меѓутоа работењето на тие објекти се уште е зависно од централната власт, односно со средства од централната власт. Тука се поставува и прашањето дали ние сакаме да имаме силни општини во Македонија проблемот го гледам бидејќи кога започнал процесот на децентрализација во нашата држава започнал без да се направи целосна анализа и без да се има реформски пристап на процесот на децентрализација. Факт е и дека во сите овие години не се направила анализи за децентрализација. Можеби проблем е и дека ние сме сиромашна држава па не можат да се одвојат поголеми средства или да се дадат на располагање на општините за да имаме децентрализација како во соседните и сите Европски земји. Во собранието се гледа да се заобиколи комисијата за локалната самоуправа имено закони кои што природно припаѓаат да се разгледуваат на оваа комисија се наоѓа нешто во законот па се пушта да се разгледува на друга комисија, во овој мандат единствено во комисијата ја разгледувавме стратегијата за рамномерен регионален развој 2020-2030 година, истакна Лашкоска.

Пратеникот Бојан Стојаноски кој е и претседател на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на РМ поздравувајќи го настанот како одличен начин пред граѓаните сите градоначалници кои пред 365 дена ја добија довербата да излезат пред граѓаните и да покажат што направиле со сопствените буџети, со тие скромни средства, без притоа да ја имаат поддршката на централната власт, се осврна и на опструкциите и кочниците кои централната власт ги практикува со цел да не се обезбеди поддршка за општините само затоа што најголем дел од истите се водени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

Откако ние сме на мандат, три заеми биле кои можат да ги користат општините. Првиот е оној со кој што се зголемува опфатот на ДДВ кој што им се враќа на општините и преку тој начин се зголемува самиот процент на приходи во општинските буџети. Вториот заем беше оној преку Европската Банка исто така за локални патишта и тука би сакал да кажам дека тоа е еден директен пример како општините се кочат во насока на придобивање на уште повеќе средства од централната власт, заради тоа што токму овие два закони 6 или 7 месеци мнозинството по завршување на локалите избори ги кочеше во Собранието преку оние лавиринти и преку оние трикови незакажувајќи седници или уценувајќи не нас да им поминуваме закони кои што ние нормално тоа нема да го дозволиме. Тие закони не се ставаа во функција за да не се поминат едноставно и тие средства да не се ставаат на располагање на општините, истакна Стојаноски и додаде:

Ако ги погледнете фактите, успесите на овие луѓе за кои што сме ние тука денеска е особено поголем ако се види дека градоначалниците со нивни буџети особено во 95% од општините кои што ги администрира ВМРО-ДПМНЕ се во големи долгови, се направени исклучиво со средства на самите општини, со домаќинско работење, со работење кое што е насочено на максимилизација на ефектите од создавање на сопствени проекти, а без никаква централна поддршка. Тоа треба да се промени.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.