Поранешниот премиер Владо Бучковски смета дека средбата меѓу Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски веќе требала да се случи.

Не се согласувам со Ковачевски дека нема теми за разговор. Има многу теми. Ставот на Мицкоски за Бугарија треба да биде повод за да имаат средба, иако тој после тоа го смени ставот уште неколку пати. Сепак премиерот имаше турбулентен период со минималната плата, енергетската криза, посетата на Софија, но треба да се седне на маса. Посебно за овие прашања поврзани со Бугарија треба да се разговара меѓу власта и опозицијата, вели Бучковски во емисијата „Само интервју“.

Вчера премиерот Ковачевски соопшти дека ќе договори средба со Мицкоски кога ќе имаат теми на разговор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.