Наративот може и да не се промени. Едната варијанта е да се договориме кои се тие заеднички личности и настани кои ќе се чествуваат, оценува поранешниот премиер и специјален претставник на владата за разговорите со Бугарија, Владо Бучковски.

Според него, тоа што се случуваше на 4 јануари околу и во црквата „Свети Спас“ на одбележувањето на 150-годишнината на раѓањето на Гоце Делчев е чекор назад во дијалогот со нашиот источен сосед.

Илјадници полицајци, начинот на кој во воздхот имаше тензии дека нешто ќе се случи, свирежите… Кога се повлече полицијата настана чин кој требаше да бидат максимално осуден и од опозицијата. Навивачката група „Комити“ не смееше да ги оштети венците од бугарската делегација. За жал, провокации ќе има и на бугарско тло, смета Бучковски во гостувањето на емисијата „Само интервју“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.