Доскорешниот специјален претставник на Владата во преговорите со Бугарија, Владо Бучковски, вечерва во емисијата „24 анализа“ рече дека бил изненаден од нападот на поранешниот вицепремиер Никола Димитров кон Бујар Османи, а тоа, според Бучковски, било непотребно пред почнувањето на новата фаза од дијалогот со Бугарија.

Неговите изјави ме изненадија и сум прилично зачуден. Непотребно ги загрози нашите позиции во однос на Бугарија. Станува збор за искусен политичар и малце тоа беше неочекувано од негова страна“, рече Бучковски во гостувањето на емисијата „24 анализа“

Според него, новите преговори помеѓу Скопје и Софија водат кон придвижување и кон враќање на довербата.

Идеален рок за првите очекувања ќе бидат во првите трите месеци, а за мене е важно кој сè ќе влезе во тие групи. Проблемите не се само политички, двете општества се реално оддалечени едно од друго многу повеќе отколку пред година и пол. Но, за само една недела се направи многу повеќе отколку што се направи за една година. Во Бугарија има една критичка јавност која не е превладувачка, но која прави реални анализи. Доминира повеќе говорот на омраза кај бугарските политичари – рече Бучковски.

Тој смета дека не треба да се брза со работата на мешовитата историска Комисија.

Нема потреба од форсирање и од брзање Таму повеќе работи се случуваат меѓу двете заседанија на Комисијата. Таму постојано се разменуваат автентични документи и мислења, врз основа на кои треба да се постигнат резултати, додаде Бучковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.