Ноќеска спиев мирно, Македонија нема да ја нападне Бугарија и нема да има територијални претензии. Спијте мирно, Банско останува бугарско, ќе одите на скијање.

Вака поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов ја искоментира вчерашната посета на новиот претседател на Владата Кирил Петков, кој беше во прва официјална посета на Македонија.

Борисов го искритикува Петков дека е првиот бугарски државник што отишол во Скопје и не положил цвеќе на споменикот на Гоце Делчев.

Петков денеска се пофали дека посетата била огромен успех затоа што Македонија испратила нота дека нема територијални претензии кон Бугарија.

Борисов рече дека вчера дознал „оти Република Македонија нема да има територијални претензии кон Бугарија“.

Толку години пред мене ниту еден македонски политичар не си дозволил да каже такво нешто – дека се откажуваат и нема да имаат територијални претензии кон Бугарија, рече поранешниот премиер, потсетувајќи дека Бугарија прва ја поддржа Македонија за влез во НАТО, прва ја призна нејзината независност и сака таа да влезе во ЕУ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.