Граѓанската иницијатива „Бојкотирам“ се мобилизира одново. Ова доаѓа по францускиот предлог. Тие вечер ќе бидат пред Влада.

Соопштението во целост:

Таканаречениот нов француски предлог е уште еден обид на власта да го амортизира гневот на народот против бугаризацијата спроведувана со амин на ЕУ! Нема никаков нов француски предлог, како што потврди и француската амбасадорка од Бугарија. Остануваат клучните негаторски барања од страна на Бугарија, додека македонскиот јазик ќе го толкува Софија како дијалект на бугарскиот јазик.

Алармираме на опасноста од изјавата на министерот Бујар Османи, кој потврди дека оваа нацрт-рамка може да се потпише веднаш штом ја усвои Владата, со што целосно ќе се заобиколи македонското Собрание.

Апелираме на будност од македонскиот народ и подготвеност за отпор против последните обиди за ништење на македонската држава од страна на СДС и ДУИ! Бараме отфрлање на францускиот предлог и прекин на преговорите со Бугарија! Никаква интеграција во ЕУ не може и не смее да биде по цена на македонската државотворност!.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.