Зелената партија ДОМ, инаку дел од владејачката коалиција го разгледува францускиот модифициран предлог и наредните денови ќе заземе став.

Раководството на Зелената партија ДОМ детално го разгледува последниот предлог за почеток на преговори со ЕУ.

Во текот на следните неколку денови следат консултации со експерти и граѓански организации, по што ќе заземеме став кој ќе го споделиме со јавноста, објави претседателката на партијата, Маја Морачанин на социјалните мрежи.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера имаше средба со сите коалициски партнери, парламентарни и вонпарламентарни на кои им го презентирал последниот француски предлог. Со оваа средба почнаа широките консултации што ги најави Владата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.