На ден 21.05.2023 (недела) во период од 11:00 до 14:00 часот на локација на Спортски Аеродром “Аџи Tепе” во Куманово ќе се одржи изложба и презентација на воени возила и опрема Air/Ground Static Display, во организација на Армијата на Република Македонија, со поддршка од Општина Куманово.

Настанот е од отворен тип за посетители, и сите граѓани можат да дојдат на Спортскиот Аеродром “Аџи Тепе” во Куманово и непосредно да разгледаат интересна воена опрема и воздухоплови, меѓу кои: CH 47 (Chinook), AH 64 (Apache), MI 8-17, UH 60 ( Black Hawk),Хамви со митралез 50 калибар, Хамви со фрлач на гранати Mk19 40mm, Амбулантно возило, Хамви со минофрлач 120мм, Хармелин, JLTV, Оклопно возило кобра , АБХО возило –форд, Падобранска опрема, Алпинистичка опрема, Нуркачка опрема, АБХО опрема и друга опрема.

На настанот ќе бидат изложени цртежи на учениците од средните општински училишта кои што цртаа за оваа пригода, а за музиката ќе биде задолжен оркестарот “Синфониум” при Гимназија “Гоце Делчев”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.