Апсењата на членови од ДУИ се очигледен почитички притисок и пресметка со неистомислениците, смета полтологот Џенур Исени, бидејќи, како што вели, сите приведени се дел од фракционерите и гласно се спротивставуваат на партиското раководство.

„Очигледно е дека ова е политички притиосок или поточно кажано политичка пресметка со довчерашните нивни сопартијци, бидејќи ќе им нанесат многу штета на следните парламентарни избори, но пред се поради најави на Меџити уште повеќе пратеници да им се приклучат кон него и ова е политичка одмазда кон него.“ – смета политологот Џенур Исени.

Според аналитичарите најсомнителен е тајмингот на акцијата која се случи само два дена откако беше најавено формирање на нова политичка партија од незадоволните интегративци.

Политологот Џенур Исени вели дека фракционерството и стравот за тоа што ќе им се случи на ДУИ на следните избори не се единствената причина. Според него, страстите се подгреваат и поради тоа што сево ова се случува во моменти кога владата треба да испорача Уставни измени, а внатрешните случувања во ДУИ дополнително им го отежнуваат и онака, тешкиот процес на убедување 80 пратеници да кажат да.

„Особено сега кога власта е на тест да осигури 80 пратеници за уставните измени. Вчера беше првата најава кон Меџити дека треба малку да олабави со изјавите. Да се смири овој месец, особео дури власта се обидува да осигури 80 пратеници во парламентот.“ – смета Исени.

Инаку во акцијата што вчера ја спроведоа МВР и обвинителите за организиран криминал бизнисмени, инспектори и политичари беа цел на претреси и. Помеѓу првите на кои им беа ставени лисици на рацете беше Исмет Гури, функционер на ДУИ кој важи за близок до фракцијата која прераснува во нова политичка партија.


Извор: Алфа


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.