Внимателно ги следиме активностите околу случајот Иловица. На правосудството е да им објасни на луѓето како и зошто некои работи се случуваат, порача американската амбасадорка, Анџела Агелер на денешната прес-конференција во Амбасадата во Скопје прашана во врска со концесијата за рудникот Иловица во Струмичко.

-Не знам многу, освен она што го прочитав од вашите пишувања за овој случај и имам малку сознанија за некои ваши загрижености. Законите овде се добри, имате одлични закони во земјава, но тие сами по себе не носат ништо добро освен ако не се имплементираат. Дали е потребно да се преземат одредени законски активности или не во овој конкретен случај, како и во кој било случај од страна на судството, е нешто што ние многу внимателно го следиме, но не вршиме влијание. Се надевам дека во овој случај како и во сите останати, се постапува на таков начин што луѓето во земјава, кога вие пишувате за нив, ќе речат „во ред, знам зошто ова се случува или ова се чини погрешно, се радувам што некој e кривично гонет или разбирам дека за овој конкретен случај пред судот треба да следи жалба“, затоа што треба да биде објаснето. Судството треба да им објасни на луѓето во оваа земја како и зошто некои работи се случуваат. Тоа е нивната улога и тоа се однесува и на овој случај, вели Агелер на новинарско прашање за сомневањата за корупција околу издавањето на дозволата за работа на рудникот Иловица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.