Амбасадорката на Соединетите Американски Држави (САД) во Македонија, Анџела Агелер верува дека на престојните парламентарни и претседателски избори ќе се одлучи иднината на државата. Во интервју за Телевизијата 21 запрашана за коментар на изјавите кои се почесто доаѓаат од партиите на Албанците, било од власта или опозицијата, дека прво треба да се изгласаат уставните измени, па потоа да се формира влада по изборите и дали тоа е можно, Агелер вели дека и во минатото имало преседани кога амандмани се изгласувале за време на техничка влада.

Јас сум го слушнала тоа, сум слушнала неколку различни опции, за тоа како тоа би било возможно. Верувам дека имало преседани, не мислам пред декади, но имало преседани каде амандмани се изгласувале за време на техничка влада. Една од работите кои јас ги научив служејќи овде е дека сè е возможно“, вели амбасадорката во интервју за Телевизија 21.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.