Договорот со Бугарија е коренот на асимилаторските и негаротските уцени кои се упатени кон Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека токму со Договорот со Бугарија се формираше рамка и оправдување на барањата на Бугарија кои задираат во македонскиот идентитет.

За жал, спротивно на волјата на народот и спротивно на експертската јавност, антимакедонецот Ковачевски дозволи преку Комисијата да се менуваат македонските учебници и историски факти за личности и настани.

Антимакедонецот Ковачевски ги презентира „отровните плодови“ кои ги роди „отровното дрво“ наречено Договор со Бугарија, како успех. Тоа е бесрамност, однароденост и одлепеност од реалноста, реагираат од партијата.

Велат дека ако не се спречи, овој процес нема да има крај, туку напротив води кон целосна асимилација преку нови понижувалки, уцени или кон бескрајно вето.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ повикува на сенародно обединување и отфрлање на договорот преку референдум.

Овој договор е билатерален и нема апсолутно никакви европски вредности содржани во него. Напротив спротивставување на ваков анахрон договор е европска вредност и принцип. Чудно е што демократски вредности во негирање на македонскиот јазик, култура и историја гледаат само негаторските кругови во Софија и СДС. Оттука да не се чудат што се антимакедонска партија.

Народот јасно кажува дека е против Договорот и понижувањата кои произлегуваат од него. Власт која го игнорира својот народ е осудена на пораз. Тоа ја чека и оваа ненародна власт предводена од антимакедонецот Ковачевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.