Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, вчера од Дебар порача дека заедно мора да градиме мир, стабилност, иднина и да воспоставиме европски стандарди и да се бориме против криминалот и корупцијата.

Како што информираат од ДУИ, на средбата со граѓани во Дебар, Ахмети порачал дека Македонија има свое место во Европа.

– Оваа земја има свое место во Европа и за оваа земја мора да работиме заедно, Македонци и Албанци, а не да се враќаме во минатото и да се огорчуваме затоа што викав УЧК, но УЧК е албанска гордост и УЧК ја спаси Македонија, рекол Ахмети.

Ахмети дополнил дека формирал фронт со албанските политички партии кој ги вклучил сите заедници.

– Мицкоски има дадено изјава дека наводно му праќам емисар да преговара да влезе во Владата. Христијан, во политиката влегов како востаник и нема да излезам без да се откажам, да се разбереме, народот ме гласа 22 години. Јас формирав фронт со албанските политички партии, но го направив овој фронт непобедлив со вклучување на заедниците кои вие ги презирате, како што се турската, ромската и босанската заедница. Се трудиме овој Устав што го направивме уште поблизок до граѓаните на Република Македонија да ги вклучи бугарската, египетската, црногорската и хрватската заедница. Охридскиот договор и промената на политичко-правниот статус на Албанците не ја уништија Македонија, изјавил Ахмети во Дебар.

Тој порачал дека Европскиот фронт ќе биде победник на изборите на 8 мај и дека народот ќе одлучи кој ќе биде дел од Владата.

– Опозицијата да не ги прави грешките што ги направи мојот поранешен колега во 2006 година и тогашната партија ја направи таа грешка и плати висока цена. Ние Албанците не сме претставници на малцинство, ние сме легитимни претставници на огромното мнозинство Албанци, а сега во Фронтот се и ромската, турската и босанската заедница. Па со тие шифри што ги пеат, тие никогаш не одлучуваат, одлучува народот. Значи, на 8 мај сите да гласаат за Фронтот, затоа што вие гласате за интеграција и изолација, дополнил Ахмети.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.