Вечерва со почеток во 20:30 часот на програмата на тв „Алфа“ започнува со емитување на новата естрадно-забавна емисија „Stars“, на која автор и водител е Ивана Јанковска.

Емисијата ќе биде од забавен карактер, а во неа ќе имате прилика да ги слушнете и запознаете одблиску најголемите балкански, но и домашни ѕвезди.

Покрај водителката Ивана, во емисијата свои улоги и задачи ќе имаат и двете млади инфлуенсерки, Јана Станојевиќ и Марија Лазаревска.

Ќе се обидеме да понудиме нешто ново, на публиката да им дадеме ексклузивни информации за познатите. Ќе ги прашаме се она што другите или избегнуваат или не сакаат да ги прашаат, вели водителката Јанковска.

Инаку во првата емисија која ќе се емитува вечерва во 20:30 часот, гостинка е познатата српска пејачка Сања Вучиќ и нашата музичка ѕвезда Антониа Гиговска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🌟S T A R S 🌟 (@stars_tvshow)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.