19 пожарникари работеле синоќа на санирање на штети од невремето во Неготино, проследено со силен ветер и поројни дождови.

-Општина Неготино, од 16:10 до 16:30 часот, беше зафатена од силен ветер и поројни врнежи од дожд, се направени штети, паднати дрва, кровови од куќи и гаражи, паднати бандери, паднати фолии на земјоделци и слично. За санирање на штети на терен биле ангажирани 13 пожарникари со три ПП возила од ТППЕ Неготино и шест пожарникари со 2ПП возила и две пумпи за испумпување на вода од ТППЕ Кавадарци, информираат утрово од ЦУК.

Активностите на екипите се завршени до 23.00 часот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.