Во просториите на Институтот Inalco во Париз денеска ќе се одржи промоција на француските изданија на книгите „Страв од варвари“ од Петар Андоновски, „Мојот маж“ од Румена Бужаровска и книга со есеи од Горан Стефановски во превод на Марија Бежановска. Овој настан е во рамки на програмата „Македонски денови“.

Во рамките на промоцијата на „Страв од варвари“ на француски јазик, Андоновски ќе гостува и во Брисел каде ќе има самостојни промоции, а ќе потпишува и примероци во неколку книжарници. Делото на Бужаровска го издаде престижниот „Галимар“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.