Имагинативниот кореографски центар (ИКЦ), заедно со Локомотива – Центар за нова иницијатива во уметноста и културата, објавува отворен повик за избор на тројца уметници за учество во програмската линија на поетски тела, овој пат предводена од Жана Пенчева.

Поетски тела е програмска линија која нуди поддршка за продлабочување на уметнички интереси или теми во рамки на танцовиот концеп ситуација. ИКЦ предлага ситуација како кратко истражување водено од специфичен уметник на кој му се придружуваат професионалци од областа од регионот во улога на соистражувачи. Ситуацијата се одвива во текот на една работна недела, посочуваат организаторите.

Можат да аплицираат, танцови уметници, практичари, кореографи, мислители, писатели, музички играчи, уметници кои работат во областа на танцот и кореографијата кои добро го владеат англискиот јазик.

Поетски тела се реализира во рамките на проектот „Годишна програма на ИКЦ 2022/2023“ водена од „Garage Collective“, со финансиска поддршка на Националниот културен фонд – Бугарија и со поддршка од Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, кој е домаќин на активноста како дел од нејзиниот програма „Платформа за професионален развој во уметноста и културата/Програма Современа кореографија и танц“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.