Скопјани од денеска ќе можат да ја проследат изложбата yugo.logo – „Графичка идентификација во Југославија“.

Автентичната изложба на графички симболи, која брои дури 460 дела во мал формат ќе се отвори на 14 декември во 20 часот во горната галерија на Младинскиот културен центар (МКЦ).

„yugo.logo е проект на младиот графички дизајнер Огнен Ранковиќ, кој вели дека симболите кои ќе ги видиме се создадени пред повеќе од половина век, но стандардите по кои се креирани, концептот и естетиката ги прават безвременски. Проектот yugo.logo има за цел да ги истражи, дигитализира и архивира овие знаци со цел да му послужат како инспирација на новите генерации, истовремено и да им се даде почит на пионерите на дизајнот на овие простори“, се вели во најавата за настанот.

Претходно, изложбата беше поставена и во Europe House Битола.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.