Во KСП Центар-Јадро во Скопје вечер ќе биде изложен мултимедијалниот проект „Премин-X“. Креатори на проектот се видео авторката Вероника Камчевска и аудио дизајнерот Горан Москов.

Аудио-визуелната инсталација „Премин-X“ е сензорно мапирање на спацијалнокогнитивно искуство кое иницира состојба на симуларкум. Проектот е поврзување на мултимедијалниот проект „Ризом-X“.

„Премин-X“ интегрира видео фрагменти, аудио дизајн и категории на опредметено суспендирање на уметничко видео. Како следбеник на мултимедијалната платформа „Ризом-X“, аудио-визулната инсталација „Премин-X“ преку авторски интерес генерира естетски принцип на егземпларен приказ.

Аудио-визуелната инсталација преку авторското-свесно опредметува акција на партиципативни елементи во делување кои предизвикуваат физичка сензитивност.

Вероника Камчевска е видео авторка и истражувачка на мултимедијални форми и модели. Како авторка се појавува во мултимедијалниот проект „Ризом-X“, КИЦ на Република Македонија во Загреб, Хрватска (2022г). Ко-креаторка е на e-платформата „Covidmembrance“ (2021г), која во својата структура интегрира дигитално-визуелни форми, квантитативно-квалитативни вредности на видео арт, дигитален цртеж и дигитална писменост.

Соработничка е во делот на видео арт интервенција на мултимедијалниот проект „Капсид i20“ (2020, 2021г), Мала Станица, НГМ, Скопје. Во 2021 година учествува на мултимедијалниот фестивал „ALC video art“ во Музејот на современа уметност, MaCA, Аликанте Шпанија. Учесник и соработничка е на мултимедијалниот проект „1/2 Состојба“, изложен во Gallery MC, Њу Јорк, 2018 година, САД.

Горан Москов е аудио дизајнер кој работи на арт инсталации, експериментални и документарни филмови. Автор и соработник е на мултимедијалниот проект „Ризом-X“, (2022г). Kако главен аудио дизајнер и композитор на оригинална музика работи на мултимедијалната платформа „Covidmembrance“, (2021г). Создава звучен дизајн за мултимедијалниот проект „Капсид i20“, реализиран 2020/21 година во
Мала Станица, НГМ.

Во 2019-та година создава оригинална музика за документарниот филм „Медула“. Креира
звучна поддршка за уметничкото видео „C/11“, дел од мултимедијалниот проект „1/2
Состојба“, ( 2018г) Gallery MC, Њу Јорк.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.