Со колегите од Владата на Република Бугарија, во работната група за култура, образование и наука, туризам, и младите и спортот работевме во конструктивна и отворена атмосфера, информираше преку своот Фејсбук министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

Си поставивме конкретни задачи и чекори кои со точно предвидени рокови ќе ги преземемe од двете страни за да изготвиме програма за блиска соработка во секоја од овие области. Ќе ги интензивираме контактите во сите сфери на уметноста, а ќе изготвиме и заеднички календар за големите културни настани со учество на уметници од двете земји, напиша Костадиновска Стојчевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.