Националната опера и балет се приклучува кон одбележувањето на 11 март – денот кога пред 80 години, 7.144 македонски Евреи беа депортирани во нацистичките логори на смртта.

По тој повод, в недела, на 12 март, со почеток во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се одржи концертот „Сеќавање – 11 март“ со Хорот на Националната опера и балет во придружба на Оркестарот на Македонската Филхармонија под диригентската палка на Бисера Чадловска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.