Претставата „Коњите убиваат, зар не?“ во изведба на Драмско позориште Подгорица вечерва ќе биде изведена на сцената на Драмски театар, во рамки на фестивалот РУТА Група Триглав кој се одржува од 14 до 19 октомври.

Автор на црногорската претстава е Маја Пелевиќ, режисер е Кокан Младеновиќ, сценографија  на Андреја Рондовиќ. Костимограф е Лина Лековиќ, музиката е на Ирена Драговиќ, а сценските движења и кореографијата на Милош Исаиловиќ.

Улогите ги толкуваат: Душан Ковачевиќ, Марија Ѓуриќ, Омар Бајрамспахиќ, Вања Јовиќевиќ, Горан Славиќ, Јелена Симиќ, Дејан Ѓоновиќ, Бранка Фемиќ Шќеќиќ / Ивона Човиќ Јаќимовиќ, Вукан Пејовиќ, Катарина Крек, Жељко Радуновиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.