Во рамките на фестивалот за литература и општа култура „Видик“, вечерва со почеток во 20:00 часот во книжарницата на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ во Скопје, популарниот битолски стендап-комичар Марјан Георгиевски ќе ја изведе својата монодрама „Железно небо“, од која произлезе и неговата прва книга, со ист назив, во издание на „Арс Ламина“.

Со театарската изведба тој ќе ја промовира книгата што е современа, „љубовна“ приказна за седум љубовни парови. Секоја приказна е раскажана од две страни, од агол на секој од партнерите.

 

Билетите за настанот се продаваат по цена од 200 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.