Денес во КСП Центар – Јадро, со почеток во 19:00 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии од Иво Дамјановски.

Секоја фотографија е доказ за наоѓање убавина во неочекуваното и тивките приказни кои траат во невиденото. Позајмувајќи го описот на Зарковски за истоименото фотографско движење, „snapshots“ е мојот обид „не да го реформирам [секојдневниот] живот, туку да го спознаам“, вели Дамјановски.

 

„snapshots“ е покана за пауза, рефлексија и размислување за (не толку обичните) обични пејсажи, напуштените излози и останатите глетки што нé опкружуваат.

Изложбата се отвора на 8-ви Март во 19:00 часот и трае истиот ден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.