Во периодот 20-24 јуни за прв пат ќе се одржи мини танцовиот фестивал   „Creadance Dance: Вечери на класичен и современ танц“ во организација на Факултетот за музичка уметност, Скопје. Идејата за негова реализација беше пред се создавање на простор за  презентација на дострелите на танцовата уметности на студентите на ФМУ од катедрата за балетска педагогија и алумните на факултетот. Освен тоа концептот ги соединува идните студенти и професионалниот танцова кадар. Конципиран е во два изведувачки блока односно во две концертни вечери. Првата вечер  ќе се одржи на 20.06.2023  на малата сцена на НОВ со почеток во 19.30 часот.

Ќе се презентира современиот танц од страна на студентите на ФМУ со учество на учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“. Ексклузивен гостин на оваа вечер е поранешниот студент на ФМУ, Бојан Мицев и неговата партнерка Амбре Твардовски со која се дел од Оснабрук танцовата компанија во Германија. Вториот сегмент односно втората вечер е со доминантно класична балетска програма. Ќе се одржи на 24.06. 2023 на големата сцена на НОБ со почеток во 20.00 каде освен студентите ќе настапат истакнати солисти од НОБ, Христина Наќевска и Балаж Лочеи и ученици од средното балетско училиште. Круна на целиот фестивал е настапот на нашиот реномиран балетски играч Марко Мицов и неговата партнерка Маризе Фумеро од Милвоки балет компанијата од САД. Двете вечери ќе се одржат на малата односно големата сцена на НОБ. На фестивалот ќе бидат доделени награди за млади надежи и трајни вредности во танцовата уметност на Македонија. Мини фестивалот е поддржан од Министерството за култура. Влезот е слободен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.