Врз основа на конкурсот за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст, објавен од страна на Министерството за култура, МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, распишува повик за комисија која ќе ги избере текстовите.

Комисијата за избор треба да ја сочинуваат пет члена од редот на вработените и/или дипломирани драматурзи, театарски режисери и театролози.

Секој што сака да учествува може да испрати своја кратка биографија и список на објавени книги, драмски текстови или поставени театарски претстави на адресата [email protected] до 15.2.2023 г.
За дополнителни информации може да се обратите на истата електронска адреса.
Ова е линкот од објавениот конкурс на Министерството за култура.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.