Од 4 до 6 август во Галичник ќе се одржи четвртото издание на Галичник филм фестивал.

„Галичник Филм Фестивал се враќа со своето четврто издание и време е да „нурнеме“ во волшебниот свет на филмот. Подгответе се да бидете маѓепсани од моќта на приказните додека ви нудиме незаборавно филмско искуство какво што никогаш претходно не сте доживеале“, напишаа организаторите на Фејсбук.

Организаторите отворија и повик за волонтери, чиј краен рок за пријавување е до 22 јули.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.