Зголемен бројот на поплаки кај Народниот правобранител во Југозападниот регион за измами поврзани со брзи кредити. Состојбата е алармантна ,брзите кредити намамуваат голем број граѓани и ги фаќаат во мрежата на должници при што поединци цел живот да работат неможат да се раздолжат па се соочуваат со извршители.

Граѓани, кои се недоволно информирани и наивни се доведуваат во ситуација лесно да заглават во тешки задолжувања.Народниот правобранител апелира граѓаните добро да ги читаат договорите за брз кредит пред да ги потпишат.

Брз кредит може да се подигне само со лична карта или преку интернет.

Измамите најчесто се случувааат на социјалните мрежи, каде на граѓаните им биле злоупотребени личните податоци од лични карти, трансакциски сметки или здравствени легитимации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.