Претседателскиот кандидат, Арбен Таравари, оствари посета на градот Струга, каде се разговараше за различни прашања во заедницата, почнувајќи од здравствените работници до граѓаните.

На средбите тој беше соочен со загриженоста на граѓаните за здравјето, а особено за коцкањето и штетните практики на брзите банки. Тој ја изразува својата посветеност да се запрат овие негативни појави и да се изнајдат решенија кои ќе го подобрат животот на граѓаните во Македонија.

Денеска имавме посета на градот Струга и населените места во Струга. Средбата ја започнав со моите колеги, лекари од Струга, со кои разговаравме за ВЛЕН програмата за здравство, како тие ги гледаат проблемите, како може да се подобрат и како може да се најдат решенија за здравството во Република Македонија. Потоа продолживме со средби со граѓани, мали и средни бизниси. Бев сведок на големиот број на казина во Струга, како и на банките за брзи кредити, а колку тоа и наштетува на економијата на граѓаните на Струга. Ние како коалиција ВЛЕН во идната влада веднаш ќе преземеме итни мерки за забрана на коцкањето во Македонија како што се случи во Косово, но и за стопирање на работата на брзите банки кои нанесуваат голема штета на буџетот на граѓаните. Сериозно ќе им помогнеме и на граѓаните кои имаат долгови кон овие банки, овие долгови да ги покрие државата или владата“, изјави Таравари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.