Министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи каде оствари  работен состанок со поширокото раководство.

Како што соопштија од МВР, на состанокот Тошковски бил запознаен со делокругот на работа и со тековните активности и во тој дел бил информиран дека е извршено мапирање на критичните места за евентуални изборни нерегуларности, а биле посочени и определени предизвици со кои се соочуваат од аспект на формално-правната поставеност на Одделот, систематизацијата на работните места и организациската поставеност на единиците.

Можам да констатирам дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал согласно спецификите на работата која ја извршува треба да биде организациска единица каде работат најдобрите и најискусни полициски службеници и распоредувањето на кадри треба да се врши исклучиво согласно мерит систем, а не било каква припадност и во таа насока во наредниот период треба да се направи кадровско реструктуирање според однапред определени објективизирани критериуми, истакнал министерот Тошковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.